Поврзи се со нас

Фудбал

Халанд разговараше со Баерн, но Баварците го одбија „пакет“

Ерлинг Халанд целосно експлодираше во дресот на РБ Салцбург на почетокот на минатата сезона.

Фантастичните игри на младиот напаѓач не поминаа незабележано во големите клубови, секако, но на крајот тој реши да потпише за тимот на Борусија Дортмунд, чиј член стана во јануари оваа година.

Сепак, многу лесно можеше да се случи Норвежанецот да заврши во Баерн Минхен, кој во меѓувреме се откажа од неговиот ангажман бидејќи комплетниот ’пакет’ им беше прескап.

Според Билд, Баерн покажал интерес за Халанд во 2017 и 2019 година. Во декември 2019 година, неговиот татко Алф-Инге даде сигнал дека се подготвени да потпишат за баварскиот великан, но работата не беше завршена.

Причината беше што младиот напаѓач бараше загарантирана минутажа. Баерн не можеше да му го понуди тоа покрај Роберт Левандовски и тоа беше една од причините зошто германскиот шампион се откажа од ангажирање на фантастичниот Норвежанец.

Исто така, неговиот договор би го чинел Баерн скоро 60 милиони евра. Тие би го платиле 20 милиони евра на Салцбург, агентот би добил три милиони евра, а платата на младиот фудбалер би била осум милиони евра годишно. Тоа беше прескапо за Баерн.

Сепак, како што наведува Билд, Халанд ќе биде предмет на разговори во Баерн во 2022 година, бидејќи Левандовски ќе има 34 години. Неговата цена во тоа време би изнесувала 75 милиони евра.

 

loading...

Facebook