Фудбал
Халанд се налутил? Кисело се насмеа и порача: Му кажав на Гвардиола, но што да правам… (ВИДЕО)
И додека сите зборуваат за неверојатниот подвиг, кој досега го постигнале само Адријанo и Лионел Меси, Норвежанецот смета дека тоа не е неговата граница.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола реши да го замени веќе во 62. минута и поради тоа беше спречен да стане првиот играч во историјата на Лигата на шампионите со „двоен хет-трик“ на еден натпревар.
Така „мирисаше“, но тоа не се случи „благодарение“ на Гвардиола, кого Халанд го обвини за тоа по мечот, макар и преку кисела насмевка.
„Кога ја напуштив играта, му кажав на Пеп дека сакав да постигнам „двоен хет-трик““, изјави Халанд.
Својата изјава потоа ја подвлече со помирувачки зборови.
-Но, тоа е, ништо ме можам јас тука да направам“, изјави напаѓачот на Сити.
Халанд стана најмладиот фудбалер во историјата кој стигнал до 30 гола во елитното натпреварување.
Моментално има 22 години и 236 дена, што е за 116 помалку од претходниот рекордер Килијан Мбапе. На Лионел Меси, на пример, за таков потфат му беа потребни 23 години и 131 ден од животот.