Фудбал
Халанд се подготвува за „предавство“, шпански медиум со „бомба“ пред клучниот меч на Манчестер Сити и Реал Мадрид!?
Ден пред решавачкиот натпревар, реномираниот „Атлетик“ излезе со информација дека Ерлинг Хaланд, најдобриот играч на Сити, сака да се приклучи во таборот на Реал Мадрид, што секако не е добра вест за челниците на клубот од „Етихад“.
Посебно е проблематичен тајмингот на објавата, бидејќи Норвежанецот би можел да го „изгуби фокусот“ пред мечот.
Шпанскиот новинар Марио Кортахена, кој го следи Реал Мадрид за „Атлетик“, објави дека Халанд се преселил во Сити бидејќи клупските оперативци го убедиле дека нема да добие шанса покрај Карим Бензема и тогашното „сигурно засилување“ Килијан Мбапе, па Норвежанецот затоа ја избра Премиер лигата. Сепак, со оглед на тоа што Реал полека го планира „животот по Бензема“, сигурно е дека за негов наследник ќе го изберат Халанд.
„Халанд сепак сам одлучува за својата иднина. Од сигурни извори дознаваме дека во летото следната година тој може да го напушти Сити за 200 милиони евра, додека во летото 2025 година цената паѓа на 175 милиони евра. Двете клаузули важат за не -Англиски клубови. Реал дозна за овие услови и беше во неверување поради тоа“, наведува „Атлетик“.
Во заклучокот на текстот се додава дека Реал Мадрид се уштег го сака Халанд, како што Халанд го сака Реал Мадрид, така и ерата на „терминаторот“ во Сити може многу брзо да заврши, иако сезонава постигна 52 гола на 48 натпревари. .