Фудбал
Халанд се враќа!
Ерлинг Халанд повторно ќе биде во конкуренција за натпреварите на Борусија по пауза од неколку недели.
Халанд се повреди на дуелот против Баерн по судирот со судијата, а Лусиен Фавр ќе може да смета на неговите услуги против Фортуна Дизелдорф.
Фавр рече дека младиот Норвежанец одработил тренинг со остатокот од тимот, но сè уште не е сигурно дали ќе го вклучи во натпреварот од првата минута.
„Халанд е во ред. Тој направи целосна тренинг сесија со тимот денес. Ќе видиме дали тој ќе игра. Во спротивно имаме играчи способен да го заменат“, изјави тренерот на Дортмунд.
Халанд постигна десет гола во Бундеслигата откако пристигна во Борусија и ќе се обиде да ги подобри своите перформанси на последните четири натпревари.