Connect with us

Фудбал

Халанд утрово главен лик на насловните страници на англиските весници: Избра!

За иднината на Ерлинг Халанд постојано се пишува низ цела Европа, но тешко е во овој момент да се каже каде ќе ја продолжи кариерата Норвежанецот.

Веќе е извесно дека на крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд, но прашање е во кој од великаните, а речиси сите го сакаат одличниот напаѓач. Еден ден е на прагот на Реал Мадрид, другиот поблиску до Барселона, а сега британските весници ни носат „ударни“ вести.

„Мирор“ на својата насловна ја пренесува приказната за тоа како Халанд со менаџерот Мино Раиол го одби Манчестер Јунајтед и дека тој го избра Реал Мадрид за нов клуб.

„Неговата желба да се пресели во шпанската престолнина е удар и за менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој го идентификуваше Халанд како долгорочен наследник на Серхио Агуеро, откако минатото лето го загуби Хари Кејн“, пишува Мирор.

„Се верува дека Реал Мадрид работи на потпишување договор со Халанд во последните шест месеци и планира да го спои со напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе“, пишуваат Британците.

И Барселона очајно го сака Халанд, Жоан Лапорта работи на тоа, но Реал финансиски е во далеку подобра ситуација, а прашање е дали Мадрид може да си дозволи двајца извонредни напаѓачи како Мбапе и Халанд за едно лето.

Норвежанецот, кој во Борусија пристигна пред две години од австриски Салцбург, има постигнато 76 гола на 75 натпревари и има 19 гола на 16 натпревари оваа сезона. Се верува дека на лето ќе биде активна откупна клаузула од 75 милиони евра, што повторно е цифра која вреди да се одвои за еден од најбараните играчи на денешницата.

Реклама

Facebook

Реклама