Connect with us

Други спортови

Халеп по новиот допинг скандал: „Разочарана сум!“

Поранешната светска тенисерка број еден беше суспендирана во октомври откако беше позитивена на забранета супстанца која го стимулира производството на црвени крвни зрнца.

Поради суспензијата таа пропушти бројни турнири, меѓу кои и Австралија опен, но нема да игра на претстојните Ролан Гарос или Вимблдон.

Халеп ги критикуваше Меѓународната тениска федерација (ИТФ) и Меѓународната агенција за тениски интегритет (ИТИА) за новото одложување на рочиштето, бидејќи по трет пат не и беше дозволено да се слушне нејзината одбрана.

 „Од октомври чекам да ми се суди. Во декември, благодарение на експертите, конечно успеав да покажам дека дел од суплементите што ги земав се контаминирани, поради што тестот беше позитивен. Прашав, како што ми препиша анти-допинг правилата, за брзо рочиште, тоа е мое право, тоа е напишано во правилникот. За жал, ИТФ (ИТИА) трипати ми го одложуваше рочиштето, ускратувајќи ми го правото да бидам судена од независен суд и не дозволувајќи ми да учествувам на кој било турнир осум месеци“, изјави Халеп.

 “Ги пропуштив Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон. Да не зборувам дека ќе ги загубам сите мои поени и пласман. Не само што ја убиваат мојата репутација, туку и мене како професионален играч, а да не зборуваме за последиците по моето ментално здравје. Ова непочитување на правилата во однос на брзото сослушување на кое имам право е толку непочитување кон мене, што немам зборови… Одложената правда е негирана правда“ , додаде таа.

Двократната Грен слем шампионка минатата недела доби ново обвинение, дека постои сомнеж за нејзиниот биолошки пасош.

Advertisement