Фудбал
Хамес го сака трансферот кој беше близу и минатото лето
Се повеќе е сигурно дека колумбискиот фудбалер Хамес Родригез ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Нема место за Хамес во тимот на Реал и со недели се шпекулира околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а голем број клубови се заинтересирани за неговите услуги.
Споменати се Наполи, Евертон, потоа Бекам и Интер Мајами, но желбата на овој одличен фудбалер е да остане во ЛаЛига и да потпише за – Атлетико Мадрид.
Медиумите во Колумбија, поточно весникот „Ел универзал“, пренесуваат дека Родригез уште еднаш ја повикал управата на Реал да му овозможи трансфер во редовите на градскиот ривал, што беше близу до затворање и минатото лето.
„Идејата на Хамес да се пресели во Атлетико повторно е актуелна. Цената на трансферот може да биде далеку пониска од минатата година, делумно поради кризата предизвикана од пандемијата,но исто така и поради тоа што неговиот договор со Реал истекува следната година“, пишува споменатиот медиум.
Неофицијално, станува збор за „само“ 25 милиони евра.