Фудбал
Хамес и Бејл се голема мистерија за сите
Фудбалерите на Реал Мадрид минатиот викенд ја совлада Севиља со 2-1 на домашен терен во 20-то коло од Ла Лига.
Кралскиот клуб некако успеа да добие три бода на крилјата на Касемиро, но играта на Реал беше далеку од тоа што се очекуваше. Зинедин Зидан е повторно на мета на шпанските медиуми по овој натпревар, поради Герет Бејл и Хамес Родригез.
Двајцата воопшто не беа во конкуренција за натпреварот против Севиља, иако еден ден подоцна и двајцата тренираа нормално. Зидан по натпреварот изјави дека се повредени, што се покажа дека не е точно.
„Хамес и Бејл беа повредени и поради тоа не беа во тимот вечерва. Тоа е тоа, немам што повеќе да кажам на оваа тема“, рече Зидан по натпреварот против Севиља.
Но, Бејл и Хамес го завршија тренингот нормално само еден ден подоцна, и беше јасно дека не се повредени. Сагата околу нив трае со месеци, а на никој не му е јасно зошто не ги продадат, бидејќи е јасно дека Зидан навистина не смета на нив.