Фудбал
Хамес Родригез може да заврши во Арсенал, но тоа не е негова желба
Арсенал е подготвен да ја испрати максималната можна цифра на адреса на Реал Мадрид во јануари, со цел да го добие Хамес Родригез.
Колумбиецот е желба број 1 на „Топџиите“ оваа зима, а администрацијата ќе му понуди на Реал Мадрид 42 милиони евра, пренесува „Ел Десмарк“.
Флорентино Перез претходно побара 50 милиони евра за ослободување на Хамес, па поради неговите ниски понуди, тој одби да го испрати во Атлетико и Наполи кои беа заинтересирани.
Што се однесува до самиот играч, тој, наводно, не сака да го напушти Реал во јануари, туку да го чека лето кога, според него, ќе добие повеќе понуди. Неговата желба е ПСЖ или Интер отколку Арсенал, пред се затоа што тој веројатно не би играл Лига на шампиони со „Топџиите“.
Колумбиецот во моментов е повреден, а поради проблеми со коленото, тој би можел да отсуствува до јануари, што значи дека неговата цена може само да се спушти, а не да се искачи.
Исто така, треба да се каже дека тој е во втор план со Зинедин Зидан, бидејќи досега има забележано само девет натпревари на сите натпреварувања и најмногу започнуваше од клупата.