Други спортови
Хамилтон беше пресреќен што остана здрав и жив
Луис Хамилтон го победи коронавирусот и заврши на третото место на трката за ГН на Бахреин.
По трката на патеката Хамилтон изјави дека тој никогаш не бил толку истрошен и дека ги чувствува последиците од коронавирусот.
“Физички, почувствував огромни последици. Не мислам дека некогаш сум поминал вака. Моето тело не се чувствува добро, но успеав да го издржам тоа”, рече Британецот.
“Искрено сум благодарен што сум жив и здрав и со нетрпение очекувам да се опоравам во наредниот период. Потоа ќе се вратам на тренинг за да го вратам моето тело во форма за која знам дека треба”, додаде тој.
Хамилтон беше најдобар на гридот и оваа сезона, и заслужено стигна до седмата светска титула.