Поврзи се со нас

Други спортови

Хамилтон е димензија повеќе: Најлудата трка во сезоната му припадна на новиот светски шампион!

Со победата за Големата награда на Турција, Луис Хамилтон ја освои седмата титула светски шампион во Формула 1 и со тоа се изедначи со легендарниот Михаел Шумахер

Трката на Истанбул парк беше полна со возбуда. Благодарение на бројните пресврти и дождливите услови, тоа е дефинитивно можеби најдоброто оваа сезона.

Хамилтон настрада во првиот дел од трката, имаше неколку грешки, но уште еднаш дојде до израз неговото паметно возење и можноста да штеди гуми.

Возачот на Мерцедес ја зазеде првата позиција во 37. круг и со супериорно возење стигна до 94. победа во кариерата.

Првата половина од трката им припадна на возачите на Расинг Поинт. Ленс Строл и Серхио Перез беа на првите две места, а на крајот само Перез се искачи на подиумот, односно на втората позиција.

Возач на денот е Чарлс Леклерк, кој со импресивно трчање од 14-то место, на крајот стигна до четвртото место откако го загуби второто место во последните свиоци.

Себастијан Фетел на крајот заврши на подиумот како трет, додека одличен резултат постигна и Карлос Саинц, кој заврши како петти.

Губитник на денот беше Макс Верстапен. Холанѓанецот заспа на стартот, изгуби неколку позиции, направи голема грешка на средина од трката во намерата да го престигне Перез, се сврте на патеката и тоа беше крај на неговите надежи. На крајот заврши на шестото место.

Со поени завршија и Александар Албон, Ландо Норис, Ленс Строл и Даниел Рикиардо. Валтери Ботас повторно имаше лоша трка, завршувајќи само како 14.

loading...

Facebook