Connect with us

Други спортови

Хамилтон е казнет за промена на моторот на болидот Мерцедес

Викендов не очекува трка за ГН на Турција и продолжување на борбата меѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен.

По двонеделна пауза, Формула 1 викендов се враќа со трката за Големата награда на Турција, која не очекува оваа недела.

Првиот тренинг е закажан за денес, а утре ќе имаме квалификации за оваа трка.

Многумина со нетрпение го очекуваат продолжувањето на борбата меѓу Хамилтон и Верстапен, кои до последната трка сигурно ќе се борат за титулата светски шампион.

Но, интересно, пред оваа трка, Хамилтон одлучи да го смени моторот на својот болид, поради што беше казнет според правилата.

Имено, Хамилтон ќе добие казна од десет места на почетокот на трката, а кој ќе стартува в недела ќе се знае по утрешните квалификации.