Connect with us

Други спортови

Хамилтон е најдобар на вториот тренинг во Абу Даби

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на вториот тренинг пред трката за Големата награда на Абу Даби.

Второ време имаше Естебан Окон, додека трето Валтери Ботас.

Вториот тренинг беше сосема поинаков од првиот. Тоа е безбедно и поважно со оглед на тоа што се вози во исто време и под исти услови како и саботните квалификации и неделната трка.

Хамилтон беше најбрз и на средни и на меки гуми, а она што може да го направи тимот на Ред Бул донекаде смирен, барем резултатски, е доброто темпо што го имаше Макс Верстапен на меките гуми.

Секако, прашање е дали главните претенденти за титулата ја искористија целата моќ на агрегатот, но тоа го прави и овој шампионат возбудлив бидејќи е тешко да се извлечат заклучоци врз основа на податоците од слободните тренинзи.

Второто место на Естебан Окон е секако пријатно изненадување, додека третото место му припадна на Валтерио Ботас, кој пред седум дена во Џеда го победи Окон во последното коло и го освои третото место.

Макс Верстапен беше четврти, а тренингот го одбележа инцидент во самиот финиш кога Кими Раиконен удри во заштитната ограда и го оштети болидот на Алфа Ромео. За среќа, се е во ред со финскиот возач.

Во пресрет на последната трка во сезоната, Верстапен и седумкратниот шампион Луис Хамилтон имаат ист број на бодови – 369,5.