Connect with us

Други спортови

Хамилтон: Фетел ќе ми биде најголема опасност

Светскиот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, очекува силна битка за титулата со Себастијан Фетел и следната сезона.

Британецот, кој вози за екипата на Мерцедес сподели, според негово мислење, кој ќе биде неговиот најголем ривал, но тој не мисли дека само пилотот на Ферари ќе му биде главна коннкуренција кога во прашање е титулата.

  • Мислам дека мојот најголем конкурент ќе биде Себастијан. Но, сигурно и Валтери. Се надевам дека и Ред Бул, исто така, ќе бидат силни. Оваа сезона тие беа многу добри во втората половина од годината, но следната кампања ќе имаат нов мотор и ќе видиме дали ќе го задржат нивото, истакна Хамилтон.