Connect with us

Други спортови

„Хамилтон и Мерцедес само измислуваат работи“

Судирот помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон на Монца се уште е свежа тема во светските медиуми.

Да потсетиме, по еден дуел, двајцата возачи се излетаа од патеката, а дуелот предизвика лавина коментари и од навивачите и од тимските кампови.

Последен кој зборуваше беше советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, кој смета дека Хамилтон и Мерецедес измислиле повреди откако болидот на Врестапен завршил над болидот на Хамилтон.

“Тоа е сосема нормална работа во трките. Лесна несреќа, за време на борба, што го прави овој спорт интересен и дава адреналин. Од Мерцедес, како и секогаш, тие ја преувеличуваат работата, понекогаш ја измислуваат”, рекол Марко.

Хамилтон веќе најави дека ќе оди на специјалистички преглед со цел да биде сигурен дека може да се натпреварува за следната трка од шампионатот, кога најдобрите возачи на денешницата ќе се борат за бодови на ГП на Русија.

Да потсетиме, во 28 -от круг од трката на Монца, Верстапен го погоди Хамилтон и првите кандидати за титулата светски шампион веднаш се откажаа. Тоа беше во првиот свиок. Хамилтон прв влезе во свиокот, Верстапен се обиде да го стисне, и на крајот заврши над неговиот болид.

По трката, двајцата возачи завршија со судиите кои одлучија дека Верстапен е виновен за инцидентот и беше казнет за следната трка.

Така, на Големата награда на Русија, која се вози на 26 септември, возачот на Ред Бул ќе биде поместен за три позиции назад во однос на позицијата што ја постигна за време на квалификациите.

Инаку, по италијанското ГП, Верстапен остана лидер во генералниот пласман со 226,5 поени, пет повеќе од Хамилтон.

Facebook