Connect with us

Други спортови

Хамилтон ќе го има најдобриот мотор што Мерцедес може да го понуди во преостанатите две трки

Луис Хамилтон славеше на две претходни трки во Формула 1 и ја намали разликата зад Макс Верстапен во генералниот пласман.

Актуелниот светски шампион возеше брилијантно во Бразил и Катар и доминантно дојде до победи, намалувајќи ја разликата зад Верстапен на само осум бода.

До крајот на неверојатно возбудливата сезона во Формула 1, остануваат уште две трки во кои сигурно не чека спектакл во борбата за шампионот.

Верстапен е свесен дека мора да го засили темпото доколку сака да го симне од тронот Хамилтон кој е во голема брзање и сигурно ќе даде се од себе за да ја одбрани светската титула.

Следната трка се вози во Саудиска Арабија на сосема нова патека, а според првичните прогнози би можела повеќе да му одговара на Мерцедес отколку на Ред Бул.

Од Мерцедес целосно се фокусирани на Хамилтон и му го обезбедија најдобриот мотор што овој тим во моментов може да го обезбеди. Перформансите на болидот значително се подобрија пред Бразил, поради што Хамилтон лесно го доби Верстапен.

Во Катар не го користеа својот најсилен мотор поради нерамномерноста на патеката, но на следните две трки Хамилтон ќе го има најдоброто што може да го понуди Мерцедес.

Но, јасно е дека ниту Ред Бул нема да се предадат така лесно, особено кога толку се доближија до титулата. Верстапен има предност и неколку сценарија во кои може да ја обезбеди титулата и јасно е колку жестоко сака да го победи Хамилтон.

Реклама

Facebook

Реклама