Други спортови
Хамилтон ќе клекне на едно колено на првата трка во паузата поради коронавирусот
Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон има намера да покаже поддршка за анти-расистичкото движење, објави „Дејли мејл“ повикувајќи се на извори блиски до шесткратниот светскиот шампион во Формула 1.
Британецот ќе клекне на едно колено на почетната трка во сезоната. Другите спортски ѕвезди со темна боја на кожата, особено фудбалерите на Челси и Ливерпул, реагираа на ист начин на тековните протести во САД.
Гестот стана симбол на солидарност со жртвите на расизам и протест против полициското самоволие, откако беше за првпат демонстриран од Колин Каперник пред четвртфиналниот натпреварот во НФЛ во 2016 година.