Други спортови
Хамилтон лут што тимот го повика во бокс: „Малку фрустрирачки …“
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон го освои само петтото место во трката за Големата награда на Турција.
Хамилтон поради казната стартуваше од десеттото место затоа што го смени моторот на болидот, но очекуваше дека денес може да има битка за победа.
Сепак, дождот му го отежнува патот, но во еден момент Хамилтон беше на третото место зад Макс Верстепен.
Но, неговиот тим осум круга пред крајот одлучи Хамилтон да оди на промена на гумите иако веруваше дека може да ја заврши трката со еден сет гуми и да биде веднаш зад Верстепен.
Откако излезе од боксот, Хамилтон беше „заглавен“ од Леклер и ја одбрани петтата позиција. Верстапен заврши втор и сега има шест бода повеќе во поредокот од актуелниот светски шампион.
Хамилтон беше многу лут по натпреварот што тимот го повика во бокс бидејќи беше сигурен дека може да заврши на третото место.
„Требаше да останам надвор или да влезам многу порано. Бидејќи кога ќе влезете со осум круга до крајот, немате време да ја поминете фазата на ронењето на гумите на патеката која се суши. Така, ја поминав целата „лизгава“ фаза каде што скоро загубив четири позиции. Фрустрирачки, но тоа е она што е“, рече Хамилтон.