Други спортови
Хамилтон му кажа ДА на Мерцедес за 40 милиони фунти годишно
Луис Хамилтон потпиша нов договор со Ф1 тимот на Мерцедес, кој ќе биде со важност до крајот на 2022 година. Британските медиуми велат дека седумкратниот првак се согласил да ја продолжи соработката за 40 милиони фунти годишна плата.
Ваквиот епилог е очекуван, бидејќи Хамилтон на крајот од минатата сезона јасно истакна дека не сака да го менува тимот во кој од 2013 година освои шест од седумте титули.