Connect with us

Други спортови

Хамилтон му се восхитува на Ред Бул: Најбрзиот болид што сум го видел

По две кола од сезоната 2023 во Формула 1 шампионатот, јасно е дека тимот на Ред Бул е голем фаворит за одбрана на шампионската титула во конкуренција на конструктори. Во неделата во Саудиска Арабија Серхио Перез успеа да триумфира пред соиграчот Макс Верстапен, а Мексиканецот и Холанѓанецот само демонстрираа колку е моментално Ред Бул далеку во однос на конкуренцијата.

Дури и тимскиот шеф Кристијан Хорнер го нарече ГН на Саудиска Арабија најдобар тркачки викенд досега за неговата организација.

Седумкратниот шампион Луис Хамилтон исто така беше воодушевен од моќта на болидот на Ред Бул.

„Кога ние во Мерцедес бевме брзи, не бевме толку брзи. Ова е најбрзиот болид во споредба со конкуренцијата што некогаш сум ја видел“, изјави Британецот.

Сепак, неговиот тимски шеф Тото Волф не се сложи со Хамилтон, кој рече дека имало години во кои Мерцедес доминирал на сличен начин.

„За нашиот автомобил на сличен начин се зборуваше во периодот од 2014 до 2020 година“, изјави Австриецот.

Во секој случај, RB19 изгледа недостижно на почетокот на сезоната, а единствената шанса за ривалите да му се спротивстават ќе биде во недела, на 2 април, на трката за ГН на Австралија.

Facebook