Поврзи се со нас

Други спортови

Хамилтон најави пoвлекување од Ф1?

Мерцедес сè уште официјално не ја продолжува соработката со Луис Хамилтон.

Во германскиот тим кој стигна до седмата последователна титула во категоријата на конструктори, тие веруваат дека сè е прашање на формалност, но Британецот мисли поинаку.

Откако ја освои Имола вчера, Хамилтон ги разбуди страстите со изјава дека размислува за пензија.

„Не знам дали ќе бидам тука следната година“, рече Хамилтон откако новинарите го прашаа за можното заминување на шефот на Мерцедес, Тото Волф.

„Тото и јас имавме долги разговори. Долго, долго време сум тука. Можам да разберам дека некој сака да направи чекор назад и да помине повеќе време со семејството“, рече Хамилтон.

„Би сакал да бидам тука повторно следната година, но нема гаранција за тоа. Постојат многу работи надвор од Формула 1 што ме возбудуваат“.

Многумина ја толкуваа оваа изјава, како и тактиката на Хамилтон за продолжување на договорот со германскиот тим.

loading...

Facebook