Поврзи се

Други спортови

Хамилтон најбрз на последниот ден од тестирањата во Барселона

На последниот ден од тестирањата во Формула 1 во Барселона најбрз беше возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој извозе 69 кругови со најдоброто време од 1:19.333.

Најголем дел од тест-возењата на четвртиот ден помина во знакот на Белгиецот Стофел Вандорн со Мекларен, но на крајот тој, сепак, заостана половина секунда зад Хамилтон.

Трет беше Себастијан Фетел со најдобро време од 1:20.241, а Фернандо Алонсо беше петти со време од 1:20.929.

Оваа година возачите немаа среќа со времето во Барселона, па поради обилните врнежи од снег тестирањата беа прекинати и одложени.

Шампионатот во Формула 1 започнува со трката за Големата награда на Австралија на 25 март во Мелбурн.

ФОТО

loading...

Повеќе од Други спортови