Connect with us

Други спортови

Хамилтон најбрз на првиот тренинг, Фетел петти

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на првиот тренинг пред Формула 1 трката за Големата награда на Франција.

Хамилтон постигна 1:32.738 минути, а втор беше неговиот колега Валтери Ботас со преостанати 0.069 секунди, додека третото место му припадна на Чарлс Леклерк возачот на Ферари, кој имаше разлика од 0.373 секунди.

На четвртата позиција беше, Макс Верстапен од Ред Бул со 0.880 секунди, а петти беше Германецот Себастијан Фетел од Ферари со повеќе од една секунда задоцнување (1.052).

Вториот тренинг е утре во 15 часот, во сабота се вози третиот тренинг (12-13ч.), а квалификациите во саботата (15-16), а трката е на програма во недела од 15.10.

Хамилтон, се разбира, беше голем фаворит пред Големата награда на Франција.