Други спортови
Хамилтон најплатен пилот, Леклер и Верстапен надвор од подиумот
Луис Хамилтон е најплатениот возач во Формула 1. Ова е нормална работа, гледајќи дека Британецот е 7 пати светски шампион во овој спорт, триумфирајќи дури и во оваа тешка сезона.
Возачот на Мерцедес инкасира 47 милиони евра по сезона, оставајќи го зад себе Себастијан Фетел од Ферари, кој е платен 35 милиони евра по сезона. Изненадување е името на третиот најплатен пилот, а тоа е Даниел Рикиардо од Рено, со 20 милиони евра.
Зад нив е Макс Верстапен со Ред Бул, кој е платен 16 милиони евра, додека Чарлс Леклерк (Ферари) и Валтери Ботас (Мерцедес) се платени по 9 милиони евра.
