Connect with us

Други спортови

Хамилтон: Не е точно дека сум лут на мојот тим

Луис Хамилтон заврши на петтото место во Турција и со тоа го загуби првото место во генералниот пласман на возачите.

Хамилтон стартуваше од 11. позиција поради казна за промена на деловите на моторот. Во еден момент тој беше трет, сепак тимот го повика во боксот да ги смени гумите спротивно на неговата желба.

Влегувајќи во боксот, возачот на Мерцедес загуби две позиции и на крајот остана без важните бодови. Веднаш по трката тој беше видно лут, но по преспаната ноќ ја смени приказната.

„Никогаш не очекувајте да бидам љубезен и смирен на радио додека се тркам, сите сме многу страсни и во жарот на моментот таа страст може да излезе на виделина, како и кај сите возачи“, напиша Хамилтон на Инстаграм во понеделникот објаснувајќи ја својата реакција.

„Моето срце и дух се надвор на патеката, огнот во мене е оној што ме донесе до тука, но секоја вознемиреност брзо се заборава и разговаравме за тоа, веќе гледаме кон следните трки“.

„Не е точно дека сум лут на мојот тим. Како тим работиме напорно за да изградиме најдобра можна стратегија, но како што трката напредува, мора да донесувате заеднички одлуки, многу фактори постојано се менуваат“.

„Вчера ризикувавме да останеме надвор со надеж дека патеката ќе се исуши, но тоа не се случи. Сакав да ризикувам и да се обидам да одам до крај, но тоа беше моја одлука и не беше прифатено. На крајот решивме да застанам во бокс и тоа беше најбезбедно“, рече Хамилтон на крајот.