Други спортови
Хамилтон: Нема да победиме оваа година
Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон во пресрет на трката за Големата награда на Мексико истакна дека не верува оти тој или Џорџ Расел годинава ќе победат во болидот на Мерцедес.
Британецот имаше одлична можност на последната трка во Соединетите Американски Држави во Остин, водеше на седум круга до крајот, но беше поминат од светскиот шампион Макс Верстапен за да ја донесе својата 13-та победа сезонава.
„Мораме да бидеме реални. Ред Бул е убедливо најбрз во текот на целата сезона. Ништо не е сменето. Имавме можност бидејќи Перез и Леклер од Ферари беа вратени неколку места назад. Сепак, јасно е дека дури и кога ќе згрешат, Ред Бул има болид способен да се поправи и на крајот да слави“, истакна Хамилтон.
Луис не верува дека нешто ќе се промени во следните три трки.
„Ќе направиме се за да победиме, но речиси и да нема шанси тоа да се случи. Не сме доволно брзи за да се справиме со Ред Бул. Верстапен беше зад мене и Леклер во Остин. Успеа да го заобиколи Леклер, потоа мене и на крајот има повеќе од три секунди предност“, изјави Хамилтон.
Доколку се искачи на највисокото скалило на подиумот на преостанатите три трки, тоа ќе биде прва сезона за Хамилтон во која нема ниту една победа од неговото појавување во најбрзиот караван во 2007 година.