Други спортови
Хамилтон очекува да потпише нов договор – „Не е готово, сакам уште успеси“
Британецот Луис Хамилтон е пред нова титула во Формула 1 шампионатот. Сака и да преговара со Мерцедес за нов договор, но по крајот на актуелната сезона.
Возачот на Мерцедес ја завршува соработката со екипата во која се натпреварува од 2013 година. Наскоро се очекува интензивно да се водат преговори околу неговиот нов договор.
Актуелниот првак минатата сезона дојде до рекорд по број на победи и го мина Михаел Шумахер, а сега фокусот е вперен кон титулата до која Хамилтон е многу близу. Шесткратниот Ф1-првак ќе остане без договор за нешто повеќе од два месеци, ама е отворен за соработка.
Хамилтон е дел од Мерцедес од 2013 година, а со екипата има освоено пет шампионски титули.
Британскиот пилот е убедливо прв во генералниот пласман и веќе во Имола би можел да ја обезбеди шампионската титула.