Connect with us

Други спортови

Хамилтон откри за кого навива меѓу Верстапен и Леклер

Луис Хамилтон нема доволно конкурентен болид оваа сезона за да се бори за титулата во Формула 1.

Возачот на Мерцедес во претходните сезони постојано беше на врвот и освојуваше титули, но тоа не е така оваа сезона, па е принуден борбата за најдобрите позиции да им ја препушти на другите.

Сезонава главни претенденти за титулата најдобар се Макс Верстапен од Ред Бул и Шарл Леклер од Ферари кои ги поделија победите во досегашниот тек од сезоната. Односот е 4:2 во корист на Холанѓанецот.

Најбрзиот октански циркус викендов гостува во Монте Карло, а Хамилтон пред трката изјави дека би го поддржал Леклер доколку е гледач.

„Да можев да седам со навивачите, ќе навивав за Чарлс. Јас сум фан на Ферари“, изјави 37-годишниот Британец.

Во минатото неколку пати се споменуваше дека Хамилтон би можел да премине во Ферари, но одличниот возач одби поради лојалност кон Мерцедес.

Пред денешната трка водечкиот Верстапен има 110 бодови, а второпласираниот Леклер заостанува шест бода.