Други спортови
Хамилтон по петти пат шампион во Ф1!
Британскиот возач на болидот на Мерцедес Луис Хамилтон е новиот / стар шампион светски шампион.
Хамилтон во трката за Големата награда на Мексико го освои четвртото место, што беше доволно да ја одбрани титулата на светски шампион. Ова е негова петта титула, а претходно тој беше најдобар во 2008, 2014, 2015 и 2017 година.
Единствениот возач кој до крајот на првенството има какви такви шанси да се бори против Хамилтон е Себастијан Фетел, кој заврши на второто место, но тоа и не е толку важно, бидејќи и да славеше, Хамилтон секако ќе стане шампион на две трки пред крајот.
Инаку, Макс Верстапен на крајот победи на трката, зад него цело време беше тимскиот колега Даниел Рикардо, кој сепак мораше да се откаже на 10 круга пред крајот поради проблеми со болидот, па на подиумот се искачи Фетел и неговиот колега Кими Раиконен.
Всушност, Хамилтон сега има 346 поени односно 70 повеќе од Фетел кој е втор. Третиот во генералниот пласман е Раиконен со 221 поен, додека четвртиот е Валтери Ботас.
Следната трка се вози во Бразил од 9 до 11 ноември.