Connect with us

Други спортови

Хамилтон позитивен на коронавирус, шампионот ја пропушта трката

Светскиот шампион во Формула 1 , Луис Хамилтон, ќе го пропушти ГП на Сакир во Бахреин, бидејќи имаше позитивен тест за вирусот корона.

Неговиот тим, Мерцедес, објави дека Британецот ги почувствувал симптомите во понеделникот и отишол да се тестира за да открие дали има ковид-19. Тој беше позитивен на двата теста.

Бидејќи Бахреин организира две трки оваа сезона, Хамилтон ќе ја пропушти втората бидејќи триумфираше на првата во неделата. Мерцедес наскоро ќе објави име кое ќе го замени шампионот.

Со исклучок на лесните симптоми, Луис се чувствува добро. Тимот му посакува се најдобро и брзо закрепнување – пишува во соопштението на Мерцедес.

Минатата недела Хамилтон беше тестиран трипати и сите три пати тестот беше негативен . Така, шампионот на најбрзиот циркус во светот стана третиот возач на Формула 1 на кој му бил позитивен тест за вирусот корона по Серхио Перез и Ленс Строл.