Connect with us

Други спортови

Хамилтон: Се гледам себеси во Мерцедес до крајот на кариерата

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон изјави дека би сакал да остане во Мерцедес до крајот на својата професионална кариера.

 

38-годишниот Британец е во германскиот тим од 2013 година, а претходно беше член на Мекларен (2007-2012).

„Тука се уште се чувствувам како дома. Да бидам искрен, се гледам себеси во Мерцедес до последните денови од мојата професионална кариера. Имам одлични партнери во тимот. Имаме одлична врска. Се додека можам да му помогнам на тимот да напредува и навистина да придонесам за успехот, ќе бидам тука“, изјави Хамилтон и додаде:

Но, ако дојде момент кога ќе почувствувам дека не можам да го направам тоа, тогаш ќе биде време да му отстапам место на помлад возач“.

Договорот на Хамилтон со Мерцедес истекува на крајот од оваа сезона, а минатата година за прв пат во кариерата не успеа да победи на ниту една трка.