Други спортови
Хамилтон славеше во Португалија и го собори големиот Шумахер
Луис Хамилтон денес славеше во трката за Големата награда на Португалија и испиша историја, и го собори одличниот Михаел Шумахер.
Хамилтон ја продолжи својата неверојатна доминација во Формула 1 и уште еднаш докажа дека никој не му може ништо во овој момент. Хамилтон водеше од почетокот на трката и не дозволи изненадувања.
Британецот зад себе го остави својот совозач Валтери Ботас, кој заостануваше скоро 26 секунди. Место на подиумот освои и Макс Верстапен, кој заврши трет.
Изненадувањето го направи возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој заврши на четвртата позиција, што е одличен резултат за Ферари оваа сезона. Петти беше Пјер Гасли кој успеа да го престигне Перез во самиот финиш.
Перез падна на седмото место бидејќи беше престигнат од Саинц кој беше шести. Зад Перез беа возачите на Рено, Естебан Окон и Даниел Рикиардо. Десетти денес беше Себастијан Фетел кој успеа да постигне еден поен.
Но трката беше апсолутно по стапките на Луис Хамилтон кој го сруши Шумахер затоа што ова беше негова 92. победа во Формула 1 и тој сега е прв на вечната листа. Шуми сега е втор со една победа помалку.
HE'S DONE IT! 9⃣2⃣ WINS! LEWIS MAKES @F1 HISTORY. pic.twitter.com/y1aFx02gpP
— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) October 25, 2020