Connect with us

Други спортови

Хамилтон за договорот бара 400 милиони евра

Според британските медиуми, Луис Хамилтон бара околу 400 милиони за да го продолжи договорот со Мерцедес.

Седумкратниот светски шампион би требало да вози уште најмалку две години, по што би ја имал улогата на амбасадор.

Минатата година беше најлошата во кариерата на Хамилтон. Тој заврши на шестото место во поредокот кај возачите без победа.

Сепак, Тото Волф и челниците на Мерцедес сакаат да го задржат Луис што подолго во своите редови, бидејќи покрај тоа што е одличен возач, тој е исклучително важен за промоција на брендот.

 

Волф најави дека ќе седне на маса кога Хамилтон ќе се врати во Европа од одмор. Луис моментално е на Антарктикот, а на социјалните мрежи покажа дека е во друштво на пингвини и фоки.