Connect with us

Други спортови

Хамилтон за малку ќе настрадал со мотоцикл

Многу возачи од Формула 1 обожаваат и мотоцикл, па затоа често пати можеме да забележиме како некои од нив ги пробуваат најбрзите „машини” на две тркала.

Склоност на мотоцикли има и актуелниот Ф1 шампион, Британецот Луис Хамилтон, кој по петтата освоена титула одлучи својот успех да го прослави тестирајќи Јамаха Р1 во Херез.

Но, според пишувањата на италијанската „Газета дело Спорт“, „летајќи” по и шпанската патека во еден моменти изгубил контрола над мотоциклот и паднал, за среќа Хамилтон не се здобил со посериозни повреди.