Connect with us

Фудбал

Ханси Флик и официјално потпиша со Баерн

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, потпиша долгорочен договор со клубот. Флик дојде како привремено решение откако Нико Ковач доби отказ, но шансата на клупата на Баерн и тоа како знаеше да ја искористи и клубот го награди со нов договор.

Иако првично беше поставен само како привремено решение додека клубот разговараше со Маурисио Покетино, Жозе Мурињо и други елитни тренери, Флик успеа да се докаже и ја доби подршката од фудблерите.

Тоа беше јасен сигнал и за челниците на клубот да му веруваат на 55-годишниот стратег, кој зад себе има богато фудбалско педигре, но не како прв тренер.