Connect with us

Фудбал

Хаос на европски меч, со топки од снег го гаѓаа голманот, па му помогнаа на својот тим (ВИДЕО)

Петтото коло од групната фаза во Конференциската лига на навивачите им донесе неколку спектакуларни натпревари, но и еден сосема неочекуван прекин на играта. Додека играчите на Хелсинки и Абердин го играа својот натпревар (2:2), решија навивачите на гостинскиот тим да се забавуваат. Им беше екстремно студено, па решија да се загреваат на завеаниот стадион фрлајќи снежни топки кон голманот на домашниот тим!

Искусниот голман Ники Маенпа (38), некогаш интернационалец во Франција, Холандија, Англија и Италија, мораше да му се пожали на главниот судија дека гостинските навивачи му пречат. Тие правеа топки на трибините, а потоа гаѓаа и кон голманот кој беше многу блиску до нив и на тој начин му ја нарушија концентрацијата која беше неопходна за натпреварот. Од тие настани има и видео, а набрзо стана хит на социјалните мрежи.