Connect with us

Фудбал

Хаос во Арсенал! Играчот бара да го остави клубот: Бара трансфер на Инстаграм, а на Артета воопшто не му треба!

Лондонскиот клуб ја започна сезоната со три порази во Премиер лигата и без постигнат гол во 270 минути од првенствениот фудбал, со дебакл против Сити. Во моментов, тоа е доволно само за последното место на табелата, а кризата го тресе клубот на многу нивоа. Играчите не се задоволни од моменталната ситуација, па се моли да си замине !

Ајнсли Мајталнд-Нилс (24) се пожали на Инстаграм дека клубот не му дозволува да ја промени средината во последните часови од преодниот рок, иако веќе е познато дека тој не е во сериозните планови на Микел Артета.

Шпанскиот тренер – кого навивачите не можат да го поднесат , најчесто го принудува да биде бек, што Ејнсли не сака да го игра.

Евертон е заинтересиран, но Арсенал не попушта, па повремениот англиски репрезентативец мора да седи и да чека. Секако, не му е лесно бидејќи знае дека нема да игра фудбал доколку остане во Арсенал, кој деновиве има многу поголеми проблеми од Мејтленд-Нилс.

мејтланд најлс

Ајнсли е првотимец на Арсенал од 2014 година, а во меѓувреме беше на две позајмици, во Ипсвич и Вест Бромвич Албион. Играше за помладите селекции на Англија од 17 -годишна возраст, а петпати беше сениорски репрезентативец.

Сето тоа не е доволно за да се убеди стручниот штаб, па местото на теренот се уште го заземаат играчи кои до неодамна беа отпишани како Колашинац или очигледно немаат квалитет за Арсенал како Седрик. „Топџиите“ ниту летово не успеаја да ги затворат сите дупки во тимот, иако потрошија многу пари за играчите со кои го подмладија тимот.