Connect with us

Фудбал

Хаос во Атина, масовна тепачка помеѓу хулигани од Хрватска и Грција, убиено 22-годишно момче, а 12 годишно девојче тешко повредено (ВИДЕО)

Во понеделникот вечерта дошло до голема навивачка тепачка во Атина во која загинал 22-годишен навивач. Навивачите на АЕК и Динамо Загреб се судрија, а еден грчки навивач почина во болница откако беше избоден со остар предмет. Страшните инциденти започнаа на улиците на Атина, каде маскирани „Бед Блу Бојс“ (од нив повеќе од 100) со палки и молотови коктели ги нападнаа навивачите на АЕК, бркајќи ги сè до стадионот каде што се обидоа да влезат. Тепачката траела се додека полицијата не интервенирала и го прекинала конфликтот во делот од градот наречен „Неа Филаделфија“, каде тешко се повредени осум навивачи (од секоја навивачка група по четворица). Според последните информации, уапсени се 96 лица, додека во инцидентот е повредено и 12-годишно девојче.

Инаку, Аек и Динамо вечерва играат во рамките од квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.