Фудбал
Хаос во Барселона, челниците бараат претседателот Бартомеу да поднесе оставка
Она што се случува во домот на Барселона се крајно стресни денови, што наскоро може да доведе до сензационални одлуки. Причината за ваквата состојба, која ги носи контурите на автентичен земјотрес, е поврзана со можните договори меѓу клубот и компанијата што управува со профилите на социјалните мрежи, за да ги дискредитира имињата како Меси, Пике и други.
Како што објави „АС“, во петокот се одржа состанок на Управниот одбор, од каде позицијата на претседателот Јосеп Марија Бартомеу излезе многу ослабена. Двајцата потпретседатели на клубот, Жорди Кардонер и Емили Руд, наводно го повикале да си даде оставка и да распише предвремени избори за негов наследник.
Бидејќи ова е неформална средба, не се донесени никакви одлуки, но постои можност вонредниот „самит“ да се одржи следниот четврток, по натпреварот од Лигата на шампионите со Наполи, каде се очекува да бидат донесени многу важни одлуки.