Connect with us

Фудбал

Хаос во Барселона

Голем хаос владее во Барселона.

Дури шест члена на одборот решиле да го напуштат клубот, што сигурно ќе биде голем удар за каталонскиот гигант.

Конфликтите помеѓу претседателот Бартомеу и тие кои не се сложуваат со неговот мислење кулминираа, а одборот го напуштиле Емилио Русадо, Енрике Томбас, Силвио Елиас и Јосеп Понт, Марио Тексидор и Жорди Калсамигли.

Сите тие си дадоа неотповиклива оставка, оставајќи ја Управата на Барса на 13 члена.

Бартомеу брзо ќе треба да најде решение, затоа што според правилата се бара да има минимум 14 лица на Одборот.

Членовите на одборот кои поднесоа оставки, наводно, не се задоволни од реакцијата на клубот за состојбата со коронавирусот и намалувањето на платите за дури 70 проценти на играчите.

Навивачите сакаат да иницираат нови претседателски избори, и така да го сменат Бартомеу.