Connect with us

Фудбал

Хаос во Болоња: Против кого утре ќе игра Интер?

Интер утре ќе игра против Болоња во 20. коло од италијанската Серија А.

Домашниот тим е во големи проблеми бидејќи ќе им недостигаат голем број играчи.

Позитивни играчи на КОВИД-19 кои ќе го пропуштат утрешниот натпревар против Интер се Гари Медел, Сантандер, Ван Хујдонк, Вињато, Мола, Виола, Домингез и Хики, додека Шутен ќе отсуствува поради повреда.

Од африканскиот куп на нации поради репрезентативни обврски ќе отсуствуваат и Муса Бароу и Ибрахим Мбаје.

На Интер ќе му недостигаат и двајцата најдобри играчи. Един Џеко го нема поради коронавирус, додека Хакан Чалханоглу ќе отсуствува поради суспензија поради жолти картони.

Исто така, Сатријано и Кордаз се заразени со коронавирус.

Натпреварот Болоња – Интер на стадионот Ренато Дал’Ара започнува утре од 12:30 часот.

Да потсетиме, овие две екипи се сретнаа во 4. коло, а Интер победи со високи 6:1.

Реклама

Facebook

Реклама