Connect with us

Фудбал

Хаос во Каталонија, Барселона славеше титула, а потоа играчите мораа да бегаат од теренот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона вечерва ја освоија титулата шампион на Шпанија откако на гости го совладаа тимот на Еспањол со резултат 4:2.

Со триумфот во градското дерби, избраниците на Чави на четири кола пред крајот на Примера стекнаа недостижни 14 бода предност во однос на Реал и со тоа ја освоија шампионската титула за прв пат по 2019 година.

Но, фудбалерите на Барса не можеа да прослават како што посакуваа. Во еден момент домашните навивачи кои се градски ривали влетаа на теренот, по што играчите на Барселона мораа да бегаат. За среќа успеаја да избегаат во тунелот, а потоа реагираше полицијата и обезбедувањето.