Connect with us

Други спортови

Хаос во последниот круг во Монте Карло: Леклер пол-позиција, Перез го уништи денот на Верстапен

Шарл Леклер денеска ја освои пол-позицијата во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Монте Карло.

Патеката во Монте Карло и денеска ни понуди многу возбудувања, а вистинската драма ја гледавме во последната минута од третиот дел од квалификациите.

Леклер и пред тоа имаше обезбедено пол-позиција и беше одличен во последниот круг, а потоа настана тотален хаос на патеката.

Серхио Перез направи грешка во кривината пред да влезе во тунелот и се сврте на патеката, по што во него удри Карлос Саинз кој воопшто не го виде возачот на Ред Бул да застане на патеката.

Саинз беше бесен на се што се случи, но на крајот успеа да стигне на друго место. Но, повеќе се налутија останатите возачи кои поради Перез останаа без последниот круг во квалификациите.

Тоа го вклучува неговиот колега од Ред Бул, Макс Верстапен, кој заврши на четвртото место.

Петти беше Ландо Норис, а потоа Џорџ Расел, Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон, Себастијан Фетел и Естебан Окон.

Но, сега најголемиот дел од работата е пред механичарите на Ред Бул и Ферари кои треба што поскоро да ги санираат оштетувањата на болидите на Перез и Саинц за да можат да ја започнат утрешната трка на гридот.

Засега не се знае дали болидите се малку оштетени, а според првите информации тоа не би требало да биде случај.