Други спортови
Хаос во светот на тенисот, „востанието“ го води Ѓоковиќ
Во наредните денови, би можел да има вистински хаос во тенискиот свет, виновник е американската тениска организација, УСТА.
Имено, УСТА одлучи да ги суспендира Гвидо Пела и Уго Делиано од мајсторите во Синсинати бидејќи нивниот физиотерапевт Хуан Мануел Галван е позитивен за коронавирусот.
При тестирањето, тенисерите беа негативни за коронавирусот и Галван не спиеше со нив во собата, сепак тоа не беше доволно за организаторите на турнирот.
УСТА пред мечот на турнирот објави дека тенисерот ќе биде дисквалификуван само доколку споделат просторија со заразено лице, што не беше случај овој пат.
Марка наведува дека „бунт“ предводен од најдобриот тенисер на светот.
Тенисерите се на мислење дека одлуката на организаторите е погрешна и дека ги крши претходните протоколи. Ждрепката за Синтинати опен е во четврток, а турнирот започнува в сабота.