Connect with us

Фудбал

Хаосот кулминира: Блокирана сметката на ФК Вардар!

Кога сите помислија дека Вардар со елиминацијата од Пјуник во квалификациите за Лига Европа ги доживува најтешките моменти во последните неколку години, стигна информација дека од вчера е блокирана и сметката на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.
Клубот нема да може нормално да функционира, зашто и онака климавото финансиско работење сега е доведено целосно во прашање. Дознаваме дека сметката е блокирана од страна на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, зашто Вардар должел огромни пари за користењето на арената „Филип Втори“. Наводно, црвено-црните не го плаќале користењето на стадионот неколку години, па сумата која се наталожила сега била огромна.

Не се знае каков потег сега ќе повлече газдата на Вардар, Русинот Сергеј Самсоненко, чии луѓе во управата на клубот веќе се во преговори, најпознатиот македонски спортски бренд да биде вратен под капата на Град Скопје,од каде што и беше земен пред четири ипол години.

Читај повеќе на Sport1.mk