Connect with us

Други спортови

Хаотични сцени на загревањето на болидите пред Големата награда на Турција

Малку хаотична сцена во Истанбул парк пред почетокот на трката за Големата награда на Турција.

Имено, Антонио Џовинаци успеа да излета од патеката додека го загреваше болидот, а прашање е дали воопшто ќе започне.

Џовинаци беше одличен во квалификациите, го освои десеттото стартно место, но со несреќа пред почетокот уништи сè.

Италијанецот не е единствениот кој доживеал несреќа бидејќи Џорџ Расел удрил во заштитниот ѕид на влезот од ложата.

Механичарите на Вилијамс и Алфа Ромео напорно работат да ги оспособат болидите за трката, која започнува во 11:10 часот по средноевропско време.