Кошарка
Харден го сруши првиот рекорд во дресот на новиот клуб
Бруклин Нетс синоќа го совлада Милвоук Бакс со 125-123.
Споменатата игра ќе влезе во историјата на НБА лигата, кога станува збор за настапот на Xејмс Харден.
Харден постигна 34 поени против Бакс и со тоа стана првиот играч во НБА кој постигнал 30+ поени на неговите први два настапи за новиот клуб.
Да потсетиме, Харден ги изненади сите кога се пресели од Хјустон Рокс во Бруклин Нетс, а на првиот натпревар за новиот клуб против Орландо (122: 115), постигна 32 поени.