Connect with us

Кошарка

Харден за повредата на Вестбрук: За мене, ништо не се менува!

Орландо, 15 август 2020 (МИА) – Sвездата на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден го коментираше отсуството на неговиот соиграч Расел Вестбрук.

Плејмејкерот „Рокетс“ се опоравува од растегнување на квадрицепсот и ќе ги пропушти првите неколку натпревари од плеј-оф серијата со Оклахома.

Харден истакна дека отсуството на Рас нема да го промени начинот на кој игра, но тоа сигурно ќе влијае на перформансите на тимот.

– За мене, ништо не се менува, без разлика кој е на паркетот, мојата агресивна игра останува непроменета. Она што ќе ни недостасува е неговата можност да се пробие кон кошот, да ја повлекува на себе одбраната и да создава шанси за нашиот тим. Ние сме навистина опасен тим, кога немаме проблеми со повреди, изјави „брадата“ за „Атлетик“.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com