Кошарка
Харден за прв пат се огласи откако потпиша за Нетс: Без навреда, но …
Џејмс Харден го напушти Хјустон по 10 години.
Популарниот „Брада“ ја продолжува својата кариера во Бруклин Нетс, по големиот трејд во кој беа вклучени неколку екипи и неколку играчи, но и идни пикови.
На крајот на краиштата, Харден се здружи со Кевин Дурент и Кајри Ирвинг и многумина сметаат дека е лудо да не се очекува Нетс да станат шампиони во НБА.
Харден кон крајот на минатата сезона изјави дека повеќе не сака да го носи дресот на Хјустон и побара да биде заменет со тим што има шампионски амбиции.
„Не сакав да навредам никого. Реков дека овој тим не може да се бори за титулата. Во овој момент од мојата кариера, тоа е она што го сакам“, рече Харден и додаде:
„Јас сум елитен играч, голем лидер и фантастичен соиграч“.
Двојниот МВП на лигата беше подложен на медицински прегледи во Бруклин, но сè уште нема тренирано со новите соиграчи. Неговото деби и почетокот на уште една спектакуларна кошаркарска приказна со нетрпение се чека.