Connect with us

Фудбал

Хасан Салихамиџиќ ја расипува големата зделка на Барселона?

Хасан Салихамиџиќ и Баерн Минхен се сретнаа со одлуката на Никлас Суле да го напушти клубот, објави БИЛД.

Суле наводно решил да не го продолжи договорот со најголемиот и најтрофеен клуб во Германија, па на лето заминува како слободен играч.

Фудбалерот наводно им ја соопштил одлуката на челниците на Баерн, кои веќе бараат негова замена, а еден од најсериозните кандидати за доаѓање на Алијанц Арената е актуелниот играч на Челзи, Андреас Кристенсен, пренесува „Goal“.

Со оглед на тоа што Суле ќе замине бесплатно, бесплатно би допатувал и данскиот репрезентативец со оглед на тоа што му истекува договорот со актуелниот европски шампион. Освен Баерн, за него е заинтересирана и Барселона, оваа информација пред неколку дена ја потврди и шпански Спорт.

Челзи го донесе Кристенсен како 15-годишник од данскиот Брондби во 2012 година, а последните десет години ги помина на Стемфорд Бриџ, освен позајмица што беше во Борусија Менхенгладбах од летото 2015 до летото 2017 година.

Оваа сезона одигра 21 натпревар за Челзи во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола со една асистенција.

Со Челзи, овој фудбалер ја освои Лигата на шампионите, Лига Европа, Суперкупот на УЕФА, ФА Купот, Премиер лигата за играчи до 21 година и Лигата на шампионите за млади.

Да напоменеме и дека за данската репрезентација одигра 54 натпревари и постигна еден гол.